Првата македонска илустрирана шаховска книга за деца
„Ајде да играме шах“
Автор Орце Данчевски
„Ајде да играме шах“
„Ајде да играме шах“ е авторско дело на Орце и Наташа Данчевски — прва македонска илустрирана книга за изучување на шахот, наменета за најмладите љубопитни умови од 4 до 10 години.
Преку прекрасни анимации, песнички и светски детски приказни, оваа книга го претвора учењето во игра. Децата најпрво ги совладуваат основните движења на фигурите, а потоа веднаш започнуваат да играат — не цели партии, туку внимателно дизајнирани мини шаховски игри.
Секоја мини игра е поврзана со приказна, што овозможува асоцијативно и емотивно учење.
Целта не е само да се научи шахот, туку да се засака. А кога нешто го сакаме — тогаш не ни е тешко да го правиме.
„Ајде да играме шах“ е повеќе од книга. Таа е покана кон светот на стратегијата, имагинацијата и личниот раст.
